Првата седница на техничката влада е закажана за утре. Новоизбраниот технички премиер на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, со своите соработнци утре ќе почнат со работа точно напладне (12:00 часот). За заклучоците и одлуките од седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата.
