На Инфективно од грип почина 20 годишна девојка

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.

Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.

Од Клиниката за инфективни болести посочуваат дека низ целата држава има тешки случаи на заболени со грип проследени со масовни пневмонии, а двајца пациенти се на респиратор.

Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кој кон крајот на февруари и почеток на март.

Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.

Треба да знаете
Последни објави