Петмина турски државјани кои не знаеле да се вратат од Водно безбедно евакуирани со полицијско возило кон Скопје

Петмина турски државјани останале на Водно откако се стемнило, па се изгубиле. Се јавиле на бројот на итни случаи 112, по што биле безбедно симнати од планината.

– По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило. Притоа, од ЦУК им бил даден и телефонскиот број на пријавителот, турски државјанин, за да се оствари и непосредна комуникација преку „вибер“, согласно потребите – соопштија од ЦУК

Од таму информираат дека во 18.10 часот петте лица, турски државјани, се пронајдени и од кај месноста Милениумски Крст на Водно, согласно остварените контакти со СВР Скопје, па се земени со возило на полицијата за безбедно да се евакуираат кон градот.

Треба да знаете
Последни објави