Почна судењето на таткото и мајката на Коста за убиството во училиштето

Во Вишиот суд во Белград почна судењето на таткото и мајката на момчето кое на 3 мај во ОУ Владислав Рибникар уби девет деца и чувај на тоа училиште. Таткото на Коста, Владимир кој е во притвор, со лисици  на рацето беше донесен во судот додека мајката Миљана се брани од слобода. Спрските медими пренесуваат дека Миљана се расплакала кога го видела сопругот а за време на пузата  судијата довозил да се прегрнат. Некои од родителите на убиенте деца седнаа зад Владимир во судницата но не му се обратиле, ниту пак дофрлале . Владимир Кецмановик се товари за тешко кривично дело против безбедноста, бидејќи го обучувал својот 13-годишен син да ракува со воздушно и огнено оружје, го водел на стрелиште, кое не е соодветно за возраста на момчето и бидејќи не го чувал оружјето на безбеден начин како што е предвидено со закон. Мајката се товари за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Нејзината ДНК беше најдена на еден од испуканите  куршуми. Покрај родителите на Коста, обвинети се и сопственикот на стрелачкиот клуб во кој момчето учело да пука и инструкторот во тој клуб. Обвинетите ја негираа вината.

На првиот ден на старот на судкиот процес, Судскиот совет го прифати предлогот на обвинителството  – судењето на родителите на Коста да биде затворено за јавноста до завршување на процесот. Одбраната се спротивстави на тој предлог. Процесот продолжува утре.

Вишото јавно обивнителство во Белград бара судот да го осуди Владимир К. на затворска казна од 12 години, мајката Миљана на затворска казна од две и пол години, додека за сопстфвеникот на стрелачкиот клуб  и за инструкторот казна затвор од по три години. За сведок во постапката е предложен и Коста Кецмановик кој откако го изврши масакрот е сместен во детска психијатриска болница во Белград. Коста кога влегол во училиштето и го извршил страшното дело имал само 13 години и поради тоа не е моќно да одговора кривично. Законите на Србија предвидуваат дека за тоа мора да има четиринаесет години. 

Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од членовите на семејствата на убиените и за надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице.

Треба да знаете
Последни објави