Разрешена директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, на нејзино место назначен Фадил Цана

Нов директор на Клиниката за инфективни болести од попладнево е д-р Фадил Цана.

Д-р Цана, инфектолог на Клиниката, го презема местото на д-р Милена Стевановиќ, која седум години беше директор на инфективната клиника, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид – 19.

Засега нема информации за причината за смена на д-р Стевановиќ и назначувањето на д-р Цана.

Треба да знаете
Последни објави