Кејт Мидлтон излезе од болница, го продолжува опоравувањето дома

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон е отпуштена од болница во Лондон, 13 дена по абдоминална операција, соопшти Кенсингтонската палата. Таа ќе продолжи со опоравувањето во својот дом во Виндзор, каде што живее со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца.

-Принцезата се врати дома во Виндзор за да го продолжи опоравувањето од операцијата. Закрепнувањето напредува добро – се вели во соопштението за печатот од палатата Кенсингтон.

– Принцот и принцезата би сакале да му се заблагодарат на целиот тим на клиниката во Лондон, особено на посветениот медицински персонал, за грижата што и ја пружија на принцезата – се вели во соопштението.

Инаку, на 17 јануари, Кенсингтонската палата објави дека принцезата Кејт била подложена на „планирана операција на абдоменот“ во клиника во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави