Син ја запалил куќата на татко му во Куманово

Вчера во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 47-годишниот Н.С. од Куманово, извести МВР.

„Тој се сомничи дека предизвикал пожар во куќа на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, сопственост на неговиот татко И.С.. Н.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави