Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска претставниците на Генералштабот на војската на Србија и на Министерството за одбрана му презентирале „убедлив аргумент“ дека е неопходно да се врати обврската за служење војска и дека им наредил до 1 мај да му ги достават сите предлози на таа тема.
„Ќе видиме дали таа (воената служба) ќе трае 90 или 100 дена, или можеби 110 дена.
Како и кога ќе биде, како ќе ги исполниме финансиските и логистичките претпоставки, ќе разговараме“, изјави Вучиќ по обиколка на касарната во Топчидер.
Тој рече дека до 1 мај очекува претставниците на армијата да ги достават сите предлози кои се однесуваат на воената служба и дека потоа во соработка со воениот кабинет и Владата на Србија ќе одлучи за ова и ќе го проследи предлогот до Собранието.