Оливер Спасовски објави статус на социјалните мрежи откако денеска Македонија забележа напредок на листата на Транспаренси Интернешенл
,,Република Северна Македонија е на 76. место на листата на „Транспаренси Интернешнл“ за Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата, што претставува значителен напредок од 85-то место кое го имаше во 2022 година. Во споредба со други земји во регионот, оваа позиција е подобра од Косово (83-то место), Албанија (98-мо место), Србија (104-то место) и Босна и Херцеговина (108-мо место).
Овој напредок во рангирањето го одразува напорот и резултатите на Министерството за внатрешни работи во борбата против корупцијата. Само во 2023 година утврдени се над 64 коруптивни злоупотреби, откриени 121 кривични дела, со вкупно 178 сторители, причинета е материјална штета од над 350 милиони денари. Откривачката функција на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50%. Од страна на ОСОСК во временскиот период од 2017 – 2023 година само за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ биле поднесени вкупно 44 кривични пријави против 170 физички и 2 (две) правни лица.
Глобалниот индекс за перцепција на корупцијата е важен алатка за мерење на ефикасноста на мерките против корупцијата и е клучен за подигање на свеста за нејзините последици и за поттикнување на акции за борба против неа“ се наведува во објавата на Спасовски.