Тошковски: Проблемот со патните исправи може само да се ублажи со добра организација и прераспределување на човечките ресурси

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски смета дека проблемот со издавањето на патните исправи може само да се ублажи со добра организација, со соодветно менаџирање и прераспределување на човечките ресурси коишто ги има МВР, но оти нема можност да се продолжи примената на старите документи бидејќи грчката страна опстојува на почитување на роковите за примена на договореното.

-Може да се подобри ситуацијата како во делот на фотографирање на граѓаните во однос на еден од првите чекори за издавање на патните исрпави, така и во делотт на издавање. Веќе дадов соодветни наредби да се повлечат одреден борј на луѓе од други сектори каде што нема таква потреба, таков хаос и нема таква нужност од постапување, и да се прераспределат во овој дел каде што е алармантна ситуацијата, рече Тошковски во гостувањето на Тема на денот во ТВ Сител.

Нагласи дека луѓето кои ќе бидат прераспределени, ќе треба да поминат соодветна обука од најмалку 7 – 8 дена за да можат да бидат поставени на тие позиции и да се олесни процесот.

На прашањето дали ќе може да се продложи рокот на личните документи и дали го побарал тоа на денешната средба со грчката амбасадорка Софија Филипиду, министерот Тошковски, наведува дека од страна на амбасадорката му било соопштено дека од страна на нашите институции на повеќе наврати и било наговестено дека нема да го има проблемот којшто го имаме, заради тоа што веќе се издадени 1.250 000 патни исправи.

Тој рече дека на средбата била побарана можност дали има и друг начин во наредниот временски период да се спречи да бидат заробени граѓаните кои нема да успеат да добијат нови патни исправи, но вели искрено не се надева на такво нешто.

Во однос на обрасците за пасошите рече дека проблемот не е со добавувачот, туку во лошото планирање, денеска пристигнале 50.000, а очекува до крајот на овој месец уште 250.000 обрасци. Со досегашното ниво на изработка од 50.000 пасоши месечно, според него, и да се зголеми оваа бројка, за да се задоволат барањата на уште околу милион граѓани ќе биде потребна една година. Најави дека на крајот на јуни или јули, треба да стигне поголема количина на обрасци со кои треба да се задоволи остантиот дел од потребата за процесот.

-Граѓаните да не очекуваат дека ние имаме магично стапче. Јас чуда не можам да направам, ниту луѓето кои се таму со мене, но можат да дадат се од себе и да одат на работа по 14 – 18 часа ако треба за да подобрат нешто, да осетат граѓаните дека навистина има надеж, дека ќе одиме кон подобро. Но нема теорија процесот да заврши до 12 февруари, вели Тошковски.

Треба да знаете
Последни објави