Родителите на убиените деца во училиштето „Владислав Рибникар“ пристигнаа на судењето со фотографии од своите најмили

Во Вишиот суд во Белград продолжува судењето на родителите на момчето убиец Коста Кецмановиќ  кое на 3 мај минатата година уби девет ученици и еден работник од училишното обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“. Кривичната постапка против Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на момчето убиец, како и против двајца работници на стрелиштето каде момчето одело со својот татко продолжуца зад затворени врати за јавноста. На вчерашното рочиште родителите на момчето убиец се изјаснија за невини. Вршителот на должноста судија Зоран Божовиќ детално ја образложи својата одлука за исклучување на јавноста од судењето, по предлог на Вишото јавно обвинителство. Појасни дека јавноста е исклучена заради заштита на интересите на малолетниците, бидејќи на кобниот ден загинаа 9 малолетни лица, 6 беа повредени, а на 11 од нив беше загрозена личната безбедност. Први во судот пристигнаа родителите на убиените деца, кои носеа врамени фотографии на убиените деца.

Треба да знаете
Последни објави