Долниот дом на францускиот парламент денеска со огромно мнозинство и во прво читање ја прифати реформата предложена од Владата, чија цел е во Уставот да се вметне „загарантираната слобода“ на жените да ја прекинат бременоста.
Текстот беше усвоен со 493 гласа, а 30 против.
Министерот за правда Ерик Дупон-Морети рече дека сега е редот на Сенатот да го усвои текстот.
За да стапи на сила ревизијата на Уставот, Сенатот, во кој доминираат десницата и центарот, би требало да го усвои текстот таков каков што е, без измени, но има несогласувања на мнозинската десница околу некаква формулација.
На 8 март 2023 година, претседателот Емануел Макрон вети дека ќе го вклучи правото на абортус во Уставот, одговарајќи на загриженоста за укинувањето на гарантираното право на абортус во САД.