Ибрахимовиќ го договрил Конте да седне на клупата кај Милан

Поранешниот шведски фудбалски интернационалец со богата трофејна играчка кариера Златан Ибрахимовиќ според медиумите во Италија завршил работа со тренерот Антонио Конте на крајот од сезоната да ја преземе екипата на Милан. Рокадата на тренерското столче кај „росонерите“ се актуелизира по разочарувачките резултати на тимот под палката на тренерот Стефано Пиоли. Конте кој претходно ги има предводено лутите ривали на Милан во Серија А, тимовите на Интер и Јувентус, според „Ибра-гол“ би требало да биде стратегот кој ќе ги врати „росонерите“ на врвот во Серија А. Покрај трофејните италијански калчолигаши Конте ги предводеше и англиските премиерлигаши Челзи и Тотенхем. Милан сезонава ја губи трката за скудетото токму со Интер и Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави