Лајчак во Приштина ќе се сретне со Османи, Курти и Бислими

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак во рамки на посетата на Косово, денеска ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.

Кабинетот на двајцата највисоки функционери соопшти дека Османи ќе се сретне со Лајчак во 14 часот, а средбата со Курти е еден час подоцна.

Претходно беше најавено дека Лајчак ќе се сретне и со првиот вицепремиер и шеф на косовскиот преговарачки тим Бесник Бислими.

Како и вчера во Белград, така и денеска во Приштина ќе се разговара за понатамошни чекори во дијалогот и актуелни прашања од односите меѓу Косово и Србија.

Треба да знаете
Последни објави