Метео анализа на Славчо Поповски:
Под влијание на антициклонот “Зевс”, во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на се посончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието и во источните предели.
Температурите секојдневно ќе бележат тенденција на пораст, а се повисоки ќе бидат и утринските температури, иако на многу места тие ќе останат негативни, но нема да биде премногу студено.
Максималните дневни температури на воздухот пак, особено за време на викендот ќе бележат тенденција на позначителен пораст и ќе бидат натпросечно високи. Тие особено од недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, какво што и најавивме во изминатите денови.
Во првите 6 денови од февруари месец во Македонија не се очекуваат нови врнежи од снег.