Просечната плата и пресметката на трошоците за живот ќе го одреди процентот на мартовското зголемување на пензиите. Околу 330 000 пензионери во април ќе добијат ново покачување на своето конто, а конкретниот процент ќе го знаат кон крајот на февруари. Овие средства Владата ги предвиде со Буџетот за 2024 година и обезбеди дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии, кои ќе се покачуваат два пати годишно согласно новата методологија независно од чија било политичка волја.
Очекувањата се дека годинава економијата ќе се развива позасилено, а се очекува да пораснат и инвестициите. Иако, се уште се присутни влијанијата од економската и енергетската криза врз глобалните економии, во земјава навремено донесените мерки ги даваат посакуваните резултати.
Во услови на пандемија, војна, рецесија, скок на цените, сепак за една година владината политика успеа ја зголеми минималната пензија за 24 отсто. Ако во 2022 година, минималната пензија беше 10.480 денари, денеска таа изнесува 13.200 денари.
Дополнителна поддршка за пензионерите во континуитет се озбезбедува и со пакетот на антикризни мерки. Во тек е реализацијата на деветтиот антикризен сет кој е обемен, содржи 23 мерки во вкупна вредност од 662,4 милиони евра, а во него е имплементирана и помошта за најранливата категорија на пензионери.
Тече исплатата и во наредните 5 месеци лицата со месечни пензии од 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно.Примателите на пензија од 14.001 денари до 16.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно, за период од 5 месеци и третата група на пензионери со примања од 16.001 денари до 19.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 1.500 денари месечно, за период од 5 месеци.
Николовски: Новата методологија за усогласување на пензиите и антикризните мерки се добри политики за подобар пензионерски живот
Претседателот на Партијата на пензионерите Илија Николовски кој директно беше вклучен во изработка на новата методологија за усогласување на пензиите вли дека тие се задоволни од постигнатото решение. Пресметката базирана врз инфлацијата и растот на платите е најадекватна мерка за усогласување на пензиите а не линеарното зголемување, додава Николовски кој го поздравува и пакетот на антикризни мерки со кои неизбежно се опфатени и пензионерите.
„Поимот покачување не постои во пензискиот систем туку усогласување на пензиите. Ние како партија сме задоволни од усогласувањето. Единствено што мислиме дека треба дополнително да се изврши е повремено ревидирање на пензиите. А што тоа значи ревидирање? Кога ќе се добие голем јаз, дисбаланс помеѓу најниската и највисоката пензија да повремено се врши нивелирање на пензиите, а тоа значи оние со понсиките пензии да добијат малку повеќе.
Се боревме да се врати повторно член 37 каде услогласувањето на пензиите е врз основа на инфлацијата и растот на платите и тоа е најадекватна мерка за усогласување на пензиите. Ленеарното покачување не смее да биде пример за усогласување на пензиите затоа што секој треба да добива онолку колку што работел, по заслуги, образование и стаж.
Инаку, што се однесува за антикризните мерки, ние какои партија сме задоволни, затоа што оваа Влада го носи деветтиот пакет на актикризни мерки. Во ова време на здравствена, економски и сите кризи ние сме познати во регинот и сме едиснтвени кои највеќе имаме државна помош во вид на субвенции. И втора работа што сме единстевни во регионот кои имаме социјална пензија, вели пратеникот и претседател на Партијата на пензионери Илија Николовски.
Тренчевска: Ветивме дека минимална пензија ќе изнесува 10.700 денари, денес изнесува над 13.000 денари
Подобрување на стандардот на пензионерите се должи на посветена работа и на системските решенија донесени изминатите 2 години, согласно новите методологии кои што го следат растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, вели заменичката во секторт за труд и социјала Јоавнка Тренчевска.
„Додека ветената минимална пензија беше предвидена да изнесува 10.700 денари, денес изнесува над 13.000 денари и истата согласно методологијата за раст на пензиите ќе биде покачена во март оваа година. Уште еден показател дека ниту еден од граѓаните нема да биде оставен сам е воведувањето на социјалната пензија. И во време на криза повторно одговоривме на потребите на граѓаните со донесување на деветтиот пакет на финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани. Пет месеци поддршка за примателите на пензија до 19.000 денари.
Политиките кои ги носиме не се засновани на лични ставови туку ги базираме на истражувања, издржани факти и пред се потребите на граѓаните, но и на вредностите на кои почива социјал-демократската идеологија.
Системските решенија за раст на минималната плата и раст на пензиите го донесовме ние , затоа сум убедена дека по победата на двојните избори и ќе продолжиме со носење на системски решенија од кои граѓаните ќе имаат придобивки на долг рок“, додава Тренчевска.
Сопред податоците на ДЗС минималната пензија денес изнесува 13.200 денари, а просечната над 20.000 денари. Властите уверуваат дека пензиите секој први во месецот ќе бидат на сметките на пензионерите а пензискиот систем е стабилен.