24 годишен Македонец со 2,5 промили алкохол во крвта направил две сообраќајки во Србија, по што полицијата го уапси.
Македонскиот државјанин вчера возејќи „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди. Се сомничи дека првин удрил во паркирана „шкода“ сопственост на 73-годишна жена, а потоа пред сообраќајната полициска станица удрил во полициско возило кое било на пат да изврши увид по пријава од сопственик на „шкодата“. Припадници на Министерството за внатрешни работи во Јагодина му одредиле притвор. Против возачот, полицијата ќе поднесе прекршочна пријава.