Најдобриот тенисер во светот, сопственикот на многу рекорди и трофеи во „белиот спосрт“, Србионот Новак Ѓоковиќ во ексклузивно интервју на австралискиот телевизиски канал Nine Network меѓу другото зборуваше и за деновите пред години. Ѓоковиќ се сеќава на своето детство и на траумата што ја имал во Белград. -Поминавме низ две војни, бевме под ембарго од 1992 до 1996 година, а потоа ниту еден спортист од Србија не можеше да учествува на меѓународни натпревари. Тоа беа предизвикувачки времиња, но тоа ме направи посилен. Мислам дека судбина ми беше да играм тенис и да постигнам големи резултати, изјави Ѓоковиќ и се присети: -Имав 12 години во време кога имаше два и пол месеци непрекинато бомбардирање. Понекогаш се сеќавам на тоа, најмногу кога слушам огномет, бидејќи ме потсетува на експлозии на бомби. Не е пријатно, веројатно е траума од детството. Мислам дека тоа е поврзано и со фактот дека не се откажувам. Кога е во прашање бомбардирањето Ѓоковиќ смета дека тоа одиграло голема улога во неговиот успех денес. -Во Србија има една изрека: можете да ни го убиете телото, но не и нашата душа. Јас верувам во тоа. Погледнете колку тенисери во историјата го постигнале тоа што јас го постигнав? Не се фалам, само сакам да се потсетам што постигнав, рече Ѓоковиќ.