Митрески: Бараме судиите да носат одлуки, каква одлука ќе донесат е нивно, но да бидат ефикасни и ажурни


„Чинам дека законот е донесен од пред 3-4 месеци првата реторика беше дека тоа се прави за да се врати Груевски назад во државата, реченица која се користеше најмногу од опозицијата. И поминаа 3-4 месеци и се покажа дека тоа не е точно. Од друга страна, наша цел и тогаш и сега е правосудните органи, посебно судството е да носат одлуки брзо, да бидат ажурни во својата работа, нека носат одлуки според документите, доказите, тоа што го имаат како докази, според нивното верување, но да носат одлука. Ние имаме случај за одложување на судски рочишта со години заради тоа што обвинетиот немал документ за лична идентификација,“ посочи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во Дневникот на Сител ТВ, во врска со кривичниот законик.
Во врска со членот на ДИК кој треба да биде избран од редовите на албанската опозиција, Митрески информираше дека остварил комуникација со албанската опозиција, со цел да се најде начин да се избере член на ДИК, затоа што тоа е многу важно за да не се остави никаква дамка на организирањето на фер и демократски избори.
„Во следните денови ќе пробам да разговарам со сите пратенички групи, конечно да изнајдеме решение и по ова прашање. Затоа што изборот на член на ДИК се врши со дво-третинско мнозинство,“посочи Митрески.

Треба да знаете
Последни објави