Ракометниот репрезентативец на Франција, Бено Конку, заврши во притвор поради обвинувања за силување, еден ден откако со „триколорите“ го освоија златниот медал на ЕП-2024 во Германија. Французите во големото финале ја победија репрезентацијата на Данска со резултат 33:31. Како што пренесува медиумот Лекип, Конку се нашол во ужасна ситуација. – Во ноќта понеделник кон вторник, францускиот репрезентативец во пијана состојба, наводно се обидел сексуално да злостави млада девојка која имала едвај 20 години, тврди спортскиот дневен весник. Конкуа кој игра за полскиот прволигаш Кјелце, може да заглави неколку години во затвор доколку навистина се докаже негова вина.