Градската пресметка во шпанската фудбалска Ла Лига во заостанат натпреавр од 20. коло, меѓу Атлетико Мадрид и Рајо Валјекано заврши со минимален триумф (2:1) за „јоргнаџиите“. Тимот на македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитриевски потклекна во последната минута, и така не успеа да приреди ново изненадување сезонава во дуелите против водечките тимови откако остана непоразен во пресметките со Барселона и Реал Мадрид. Рајо Валјекано одигра дисциплинирано и храбро. Не се предаде по водството на Атлетико во 38 минута со голот на Реинилдо. Рајо возврати во 42 минута преку Гарсија за 1:1. Домаќинот Атлетико во второто полувреме фрли се на напад, постигна гол, но му беше поништен, но на крајот пак ја затресе мрежата и победи. Гостите протестираа оти на почетокот од акцијата имало прекршок од Гризман над Чеверија, но не прифатија судиите, па Мемфис Депај погоди за 2:1. Негодувањето на Рајо продолжи и по последниот судиски свиреж, а тренерот на тимот Франсиско заработи и црвен картон.