Во текот на ноќта руските сили ја нападнаа територијата на Украина со 20 јуришни дронови „Шахед-136/131“, од кои 14 беа соборени, соопшти украинската армија.
Украина ноќеска од окупираниот Крим и регионот Воронеж беше нападната и со балистички ракети „Искандер-М“, се наведува во соопштението на армијата, пренесено од украинските медиуми.
„Со силите и ресурсите на воздухопловните сили, во соработка со силите за воздушна одбрана на украинските одбранбени сили, уништени се 14 непријателски дронови во областите на Миколаев, Запорожје, Днепропетровск, Кировоград и Харков“, соопшти украинската армија.
Во нападот на месноста Николаев едно лице е повредено и е хоспитализирано на интензивна нега, а оштетени се магацините на земјоделското претпријатие и зграда на продавница, во која избувнал пожарот, се прецизира во соопштението.