Нови ракети „Боинг“ подготвени за Украина

По успешното тестирање во САД, Украина наскоро ќе ја добие првата голема серија ракети со долг дострел „Боинг“, кои би требало да овозможат удари длабоко на територијата под руска контрола, тврдат извори запознаени со предметот.

Тие проектили би можеле да пристигнат на бојното поле во Украина уште денеска, пренесуваат странските агенции.

Ракетите ГЛСДБ, со мал пречник, треба да и овозможат на украинската војска да погоди цели на оддалеченост од околу 150 километри, што е двојно повеќе од дострелот на ракетите ХИМАРС што веќе и ги доставиле Американците, што би можело да ја принуди Русија да ги премести своите задни локации уште подалеку од линијата на фронтот.

Треба да знаете
Последни објави