Турција лани ја посетиле 56,7 милиони странски туристи, 10 отсто повеќе отколку во 2022 година

Турција лани прими 56,7 милиони странски туристи, што е за 10 отсто повеќе од 2022 година, а приходите од туризмот се зголемени за 17 отсто во однос на 2022 година и изнесуваат 54,3 милијарди долари.

Просечна потрошувачка по посетител достигна 99 долари, објави турското Министерство за култура и туризам.

Турција има за цел да привлече 60 милиони туристи и да генерира приход од 60 милијарди долари од туризмот до крајот на 2024 година.

Според соопштението, Турција стана првата земја во светот што постигна договор со Глобалниот совет за одржлив туризам (GSTC) на владино ниво во 2022 година и го имплементира како секторско барање.

Со оваа програма, Турција обезбедува различни одржливи искуства, вклучително и еко-пријателско сместување, возење велосипед и трекинг, сите насочени кон поттикнување на подлабока врска помеѓу наследството на земјата и луѓето кои го поддржуваат.

„Турција го зголеми бројот на своите археолошки проекти на 720 во 2023 година. Бројот на проекти се очекува да достигне 750 оваа година“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави