Србинка (24) успеала да преживее пад од височина од 30 метри откако под неразјаснети околности паднала од мост по сообраќајна несреќа во Швајцарија. За овој случај уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија, кои биле во сино „БМВ“ со девојката од Србија. Со тешки повреди се здобила девојката од Србија и се наоѓа во болница. Несреќата се случила во четвртокот вечерта, кога „БМВ“ во кое имало три лица од Балканот удрило во заштитната ограда на мост. Очевидец за швајцарските медиуми изјавил дека по несреќата ја видел Србинка како стои на мостот. -Ја видов како стои, се чинеше дека не е повредена. Не видов крв, немаше ништо, изјавил тој. Очевидецот потоа додал дека кога поминал покрај автомобилот не видел дека во него има уште две лица. -Мислев дека е млада жена која го уништи автомобилот на нејзиниот татко. Таа ги имаше рацете зад главата, беше шокирана, не видов дека е повредена, изјавил очевидецот. После тоа полицијата соопшти дека Србинката паднала од мостот од висина од 30 метри. Она што останува мистерија во целата приказна е каква е врската меѓу двајцата уапсени државјани на Македонија и падот на младата Србинка. Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе заврши истрагата.