Тројца вработени во Пошта на Србија, кои утрово беа уапсени во Гораждевац на Косово и Метохија, се ослободени откако дале изјава во полициска станица. Возилото е одземено, а полицијата ги запленила парите наменети за пензии, дознава Танјуг. Канцеларијата за Косово и Метохија претходно објави дека теророт на привремените институции на премиерот на Приштина, Аљбин Курти, врз Србите на Косово продолжил и денеска со апсење на работниците на „Пошта“ во Гораждевац, најјужната мнозинска српска општина во покраината.