МВР извести дека вчера околу 22 часот на подрачје на Чаир во Скопје, полициски службеници се доближиле до возило „фолксваген пасат“ кое го управувал А.Е., да извршат легитимирање на лицата во возилото. Притоа, возачот го стартувал возилото и удрил еден полициските службеници, по што полициски службеници испукале два куршуми. Набргу, возилото застанало, а лицата го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.