Кралот Чарлс се појави во јавноста по операцијата, присуствувше на миса

Британскиот крал Чарлс се појави во јавноста по операцијата за зголемена простата, на која се подложи пред десет дена, а фотографите го фотографираа пред црквата Марија Магдалена во Сандрингем.

Тој пристигна таму за да присуствува на миса, а го придружуваше и 76-годишната кралица Камила. 74-годишниот Чарлс исто така бил расположен и ги поздравил граѓаните и свештеникот присутни таму, па може да се претпостави дека добро закрепнува.

По мисата, кралот и кралицата беа придружувани на излез од црквата од ректорот и неговиот помошник, а парот помина неколку моменти во разговор со нив, пред да се поздрават и да се вратат во Сандрингем Хаус на ручек на неговиот приватен имот во Норфолк.

Чарлс мора да одмара дома откако ја напушти приватната лондонска клиника, каде претходно беше оперирана принцезата од Велс.

Закрепнувањето на 41-годишната Кејт Мидлтон ќе потрае малку подолго од она на Чарлс бидејќи и треба време да се опорави од планираната операција на абдоменот и не се очекува да се врати на своите кралски должности до Велигден.

Треба да знаете
Последни објави