Казнети 20 пијани возачи на територијата на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (03/04.02.2024) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 20 возачи, од кои девет во Битола, девет во Прилеп, двајца во Ресен, а откриени биле и 10 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

Треба да знаете
Последни објави