Кралската биографка Ингрид Севард во нејзината нова книга „Мојата мајка и јас“ тврди дека Дајана Спенсер сакала да се откаже од венчавката од принцот Чрлс, но дека нејзиниот татко Ерл Спенсер успеал да ја разубеди.
Извадок од новата книга на Ингрид Севард „Мојата мајка и јас“, објавена од Дејли Меил овој викенд, тврди дека „еден месец пред да се омажи за престолонаследникот“ во јули 1981 година, принцезата Дијана присуствуваше на 21-от роденден на принцот Ендрју во Виндзор и се надеваше дека ќе танцува со нејзиниот вереник, принцот Чарлс.
Додека Елтон Џон настапуваше на собирот, Чарлс, денес крал, „цела вечер внимаваше да разговара со што повеќе луѓе“, напиша Севард.
„Дијана беше во очај. Нејзиниот свршеник беше отсутен во Америка поголемиот дел од претходната недела, но тој очигледно немаше желба да танцува со неа“, се вели во книгата.
Забавата за 21-от роденден на принцот Ендрју се одржа во јуни 1981 година, а според Бизнис Инсајдер, Елтон Џон во своите мемоари „Me“ од 2019 година ја опиша како „најтивката дискотека на светот“, објаснувајќи дека никој не сакал да ја навреди кралицата Елизабета, која била присутна.
Извадокот потоа тврди дека принцезата Дијана тргнала кон домот на нејзиниот татко во Нортемптоншир во 5:30 часот по забавата, чувствувајќи се „вознемирено, збунето, луто и немала намера да се врати назад. Што се однесува до Дијана, кралската свадбата беше прекината“.
„Но, кога таа му ја објасни својата одлука на нејзиниот татко, Ерл Спенсер, тој беше згрозен“, продолжи авторот. „Откако ја смири, тој истакна дека би било срамен чин да ја раскине свршувачката со идниот крал толку блиску до свадбата“.
Во извадокот на Дејли Мејл од „Мојата мајка и јас“, Севард продолжува да тврди дека, на крајот, по „налетите на солзи“, принцезата Дијана „му дозволила на нејзиниот татко да ја разубеди“.
„Таа на 19 години сè уште беше доволно млада за да верува во среќен крај и покрај тоа што ѝ го кажаа инстинктите во таа ужасна ноќ“, напиша Севард.
„Мојата мајка и јас“ ја раскажува приказната за кралот Чарлс и неговата мајка, покојната кралица Елизабета, и ќе биде објавена на 15 февруари. Во извадокот објавен викендов, авторот пишува и за односот на принцезата Дијана со покојната кралица, тврдејќи дека оние што ја познавале ја сметале Дијана „волшебна“ и дека кралицата Елизабета „имала само две резерви“.
„Таа се прашуваше дали некој толку млад може да направи разлика помеѓу мажот и принцот“, напиша Севард. „И таа не можеше да не помисли дека девојката Спенсер повеќе ќе му одговарача на нејзиниот помлад син, Ендру“.
Дијана и кралот Чарлс на крајот се венчаа на 29 јули 1981 година во катедралата Свети Павле во Лондон, пет месеци откако ја објавија свршувачката на 24 февруари 1981 година.
Принцезата Дијана подоцна разговараше со Ендрју Мортон за венчавката за неговата книга од 1992 година, „Дијана: Нејзината вистинска приказна“. Се сеќавам дека бев толку заљубена во мојот сопруг што не можев да го тргнам погледот од него“, изјави таа за Мортон. Апсолутно мислев дека сум најсреќната девојка на светот. Тој ќе се грижи за мене“.
Во извадок од „Вистинска Дијана“ на Лејди Колин Кембел, објавен во 1998 година, Дијана повторно ја опиша венчавката: „Тоа беше рајот, неверојатно, прекрасно, иако бев толку нервозна кога одев по патеката што мислев дека ми чукаат колена и прават врева.”