Поранешниот претседател на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, попладнево на прес-конференција, рече дека некој сака да ја компромитира партијата за нечии интереси, но сигурен дека не е за доброто ниту на Албанците, ниту на граѓаните на Македонија.
„Со статутот на партијата, индивидуа, без разлика дали е претседател на партија или било која функција да ја извршува, не може да носи одлуки. Тој може само да предлага. Органите кои носат одлуки се колективните органи, како што е Централното Претседателство на партијата“, порача Села.
И покрај информациите што се споделуваат на социјалните мрежи дека има понуди, Села категорично ги отфрли таквите пишувања.„Алијансата на Албанците не се продава. Не е на пазар, а не може никој, без да знае и која е цената, да ја продава. Затоа нашиот последен став што го имаме во партијата, во Централното претседателство на партијата, е дека Алијансата на Албанците оди сама на избори“, потенцира Села.