Во две одвоени сообраќајни несреќи на автопатиштата во Италија денеска загинаа три лица, додека десетици се повредени, јавуваат локалните медиуми.
Околу 100 возила учествувале во верижен судар на автопатот А22 – едно лице загина, а 25 се повредени, јавува АНСА.
Во Бреша, на автопатот А21, во верижен судир учествувале 20-тина возила, а две лица загинале, а неколку лица се повредени.
Сообраќајот на двата автопати беше во прекин со часови, а се претпоставува дека причина за верижните судири е густата магла. Полицијата и пожарникарите се на терен и ги извлекуваат повредените од згмечените возила.