Се уште непознат измамник успеал да убеди една германска банка да му префрли пари така што ќе им се јави на телефон и се претставил како нејзин директор. Во петокот, еден човек договорил брз трансфер на преку 180.000 евра на странски сметки од банка во Швандорф, пишува индекс.хр
Банката му исплатила 180.000 евра пред нивниот сметководител да ги забележи необичните префрлања и да го запре натамошниот трансфер на пари. Тој веднаш се јавил во банката, а криминалната полиција на Амберг го презела случајот и сега ја истражува измамата.
На прашањето на минхенскиот Бајеришер Рандфунк, банката рече дека поголемиот дел од прфрлената сума може да се врати.
Според сегашната состојба, оштетената банка претрпе штета во петцифрена сума, соопшти полицијата, што значи дека може да биде помала од 100.000 евра. Најпрвин се претпоставуваше дека штетата ќе биде уште поголема, но банката сепак успела да си ги врати парите, изјави нивната портпаролка.
Портпаролката на банката додаде дека за телефонски платни налози, повикувачот мора да биде автентификуван „врз основа на неколку строги критериуми“. Тие се дефинирани на таков начин што „само сопственикот на сметката може правилно да ги репродуцира во целост“. Во овој случај, сепак, јавувачот бил добро информиран, додаде таа.
Со цел дополнително да се зголеми безбедноста во платежните трансакции, од банката велат дека за неколку недели ќе воведат нов начин на телефонска автентикација преку апликација за мобилен телефон.