Во среда ќе се знае со кој кандидат ќе настапи Левица на претседателските избори

Откако преку промотивно видео најави дека ќе има свој кандидат на претстојните претседателски избори, опозициската Левица по синоќешната седница на Централниот комитет на партијата соопшти дека името на претседателскиот кандидат ќе биде објавено на прес-конференција в среда, 7 февруари.

„Низ опсежна дискусија за конечните стратегии за следниот период, со висок степен на мотивација и спремност на структурата и политичката платформа, се завршија и подготовките за претседателските и парламентарни избори, во кои ќе продолжи тенденцијата на најбрз раст на Левица на македонската политичка сцена“ пишува во фејсбук-објавата на Левица по вчерашното заседание на ЦК на партијата.

Како едно од можните имиња што се спомнуваше во јавноста како кандидат на Левица за претседател на државата беше она на академикот Љупчо Коцарев.

Треба да знаете
Последни објави