Куршум пронајден во семејниот двор на Таравари

Еден куршум утрово бил најден во дворот на семејната куќа на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, дознаваме од неофицијални полициски извори.

Инцидентот доаѓа откако Таравари најави дека си заминува од коалицијата со ДУИ и СДСМ и дека и се приклучува на опозицијата. Следеше реакција на екс лидерот на АА, Зијадин Села кој повика да се оди самостојно на избори.

Овој инцидент доаѓа само по неколку часови, откако внатре во партијата имаше и тепачка помеѓу високи структури на АА.

Треба да знаете
Последни објави