Принцот Хари доаѓа во Велика Британија да го види кралот Чарлс

Принцот Хари ќе се врати во Велика Британија за да се види со кралот Чарлс откако монархот лично му кажал дека му бил дијагностициран рак, јавува Би-Би-Си.

Војводата од Сасекс разговарал со кралот за дијагнозата рак која на кралот неодамна му била дијагностицирана и ќе отпатува во Велика Британија за да го види во наредните денови, јави Би-Би-Си.

За потсетување, Бакингемската палата денеска соопшти дека британскиот монарх боледува од рак, но не соопшти од каков вид.

Нагласено е само дека не се работи за рак на простата, со оглед на тоа што Чарлс Трети последните денови се лекуваше од зголемена простата, откако на 17 јануари беше откриена неговата бенигна состојба.

На 26 јануари, кралот беше примен во лондонската клиника, истата болница во која Кејт Мидлтон се опоравуваше по операцијата на абдоменот.

По три дена поминати во болница, каде што се опоравуваше од операцијата и неколку посети на кралицата, Чарлс ја напушти болницата.

Тој нема да врши јавни должности, туку ќе продолжи со владините работи зад сцената.

Треба да знаете
Последни објави