Амбасадорот на Србија во мисијата на Обединетите нации го поднесе барањето на Република Србија за свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради ситуацијата на Косово.
Во барањето, како што пренесуваат српските медиуми, се наведува и дека на таа територија, која во согласност со Повелбата на ОН, другите правила на меѓународното право и Резолуцијата (1244) на Советот за безбедност на ОН е дел од Република Србија, и на која е формирана меѓународната администрација на Обединетите нации, во тек долгорочни и добро планирани и систематски акции на т.н. раководството на косовските Албанци, со кое Србите намерно се подложени на неподносливи услови за живот.
„Станува збор за незаконска одлука на Привремените институции на самоуправа во Приштина за укинување на циркулацијата на валутата српски динар на територијата на Косово и Метохија, што претставува продолжување на мерките на брутално физичко и институционално насилство врз Србите од страна на Привремени институции на самоуправа во Приштина, а чија суштинска цел е целосно етничко чистење и исчезнување на српското население од тоа подрачје – кое во моментов е во тек“, се наведува во документот.