Лицемерието на опозицијата „никогаш не покажало храброст за непопуларни политички одлуки од кои зависи опстанокот на земјава, но, затоа има ‘пуна прса’ со мрсни намирници: идентитет, јазик, снопчиња гранчиња од Мусолини и се што нема ама баш никаква врска со демохристијанство, уште помалку со вредности на идеолошки конзистентниот конзервативизам“ пишува професорката Ана Чупеска во нејзината колумна „Кружен тек“.
Таа додава дека лицемерно е да не видиш додека се гради Скопје 2014 за кој се потрошија и искрадоа „тешки милијарди“, дека минималната плата беше 8 илјади денари.
„Лицемерието, веројатно гледа само гола власт: без одговори, без решенија, т.е. без одговорност. Доколку не ги антиципирате иднината и прогресот како пункт, разбирливо е зошто постојано се обидувате да се ситуирате во минатото (антики, мантики, и други трa ла ла). Тоа е само уште еден тажен и неоджлив обид за ескупација, мили мои. Ништо повеќе“ пишува Чупеска.
Професорката во колумната прашува дали опозицијата има подобар план за раст од актуелниот на Фон дер Лајен и дали има решение за преговарачката рамка од ЕУ која постојано ја критикува, како и дали има концепт и одржлива визија за извесност на земјата, бидејќи досега ништо не кажале на овие теми.