На неколку часа пред закажниот протест на студентите пред МОН, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири објави дека утрово се исплатени средствата за стипендии на студентите.
„Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас. Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици“ се вели во објавата на министерот за образование и наука Јетон Шаќири.