Италијанската скијачка, 31-годишната Софија Гоџа, заработи тешка повреда на тренингот во велеслалом, но се уште нема официјални информации колку време ќе отсуствува од Светскиот куп.
Дел од италијанските медиуми наведуваат дека во таа прилика Гоџа ги скршила двете коски на подколеницата и дека сезоната за неа е завршена.
Италијанската скијачка федерација соопшти дека Гоџа се повредила на тренинг, но дека се уште не е поставена целосна дијагноза. Според овие извештаи, во вторник ќе се знае повеќе за повредата на скијачката која долги години е најдобра во брзите дисциплини.
Гоџа стана олимписки шампион во спуст пред пет години. Таа моментално е петта во генералниот пласман во Светскиот куп, прва во спуст и четврта во супервелеслалом.
Тоа е продолжение на тешките повреди сезонава во Светскиот куп во скијање. Претходно на ваков начин се озледи Словачката Петра Влхова, една од најдобрите слаломски скијачи на Светскиот куп, Швајцарката Корин Сатер, Норвежанецот Александар Аамод Килде и најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин, но Американката релативно брзо би требало да се врати на снежните падини.