„Злокобен знак“: Повторно кружи видео од бизарен момент од крунисувањето на кралот Чарлс

Откако вчера Бакингемската палата објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран вид на рак, на социјалните мрежи повторно почна да кружи видео од бизарен момент од неговото крунисување во мај минатата година.

Гледачите притоа забележале необична фигура која накратко се појавила на влезот во Вестминстерската опатија, човек облечен во темна облека што личи на митскиот мрачен жетвар, симбол на смртта.

Многумина тогаш пишуваа дека сметаат дека тоа не е добар знак, а подоцна се дозна дека станува збор за еден од асистентите кои учествуваат во верските церемонии.

Видеото сега повторно стана вирално, а некои корисници на социјалните мрежи напишаа дека тоа е злокобен знак.

Да потсетиме, Бакингемската палата не откри за каков вид на рак се работи, но се знае дека не се работи за рак на простата. Ракот бил откриен кога Чарлс минатиот месец се лекувал од зголемена простата и поминал три ноќи во болница.

Треба да знаете
Последни објави