На барање на Србија во четврток закажана вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, на барање на Република Србија, ќе се одржи во четврток во 21 часот по наше време, јавуваат медиумите.

Се уште не се знае дали седницата ќе биде отворена или затворена за јавноста.

Србија во понеделникот официјално поднесе барање за свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради драматичната ситуација на Косово.

Треба да знаете
Последни објави