Пратениците на опозициска коалиција „Србија против насилство“ на денешната конститутивна седница наместо во собраниската сала, заклетва дадоа во холот. Мариника Тепиќ, пратеничка на ССП изјави дека во Собранието на Србија има силно полициско обезбедување, кое било ставено во служба на Гашиќ и Вучиќ и дека тие ги спречуваат пратениците да се движат низ Собранието. -Се е како да сме во вонредна состојба, речиси во воена состојба, рече Тепиќ и додаде дека ништо не се знае, ниту кога ќе продолжи седницата, ниту кој ќе биде претседател, откако истата заврши по само половина час. Мирослав Алексиќ додаде дека ќе направи се крадците кои ги украдоа изборите и ги узурпираа мандатите да бидат во затвор. Затоа, како што рече, ја донеле полицијата во парламентот.