Познатиот новинар Такер Карлсон ќе го интервјуира Путин: Се јави од Москва

-Се наошаме во Москва. Тука сме да го интервјуираме претседателот на Русија, Владимир Путин. Тоа ќе го направиме наскоро – порача Такер во објавата.

Како што објасни Такер на самиот почеток на видеото, многу е ризично да се спроведе вакво интервју и затоа работеле со месеци и смислиле план како да го направат тоа, а потоа ја објаснил причината зошто сакал да направи интервју со Путин.

– Прво, мораме да го направиме ова интервју затоа што тоа е наша работа, второ затоа што сме новинари и наша работа е да ја информираме јавноста – рече Такер во објава на платформата „Х“.

„Војната во Украина е човечка катастрофа“

-Војната во Украина е човечка катастрофа. Илјадници луѓе загинаа. Цели генерации млади Украинци. Најголемата земја во Европа губи луѓе. Но, долгорочните ефекти се уште полоши. Оваа војна ги преобликува глобалните воени и економски сојузи, како и последиците. На крајот ја преврти светската економија – објасни тој.

Такер потоа објасни дека во моментов се случуваат историски промени кои ќе ги обликуваат животите на нашите внуци.

– Економскиот поредок кој важеше по Втората светска војна, системот кој го гарантираше просперитетот на Западот повеќе од 80 години, сега многу брзо се распаѓа, а со тоа и доминацијата на американскиот долар. Ова не се мали промени. Тоа се историски промени. Тие ќе ги обликуваат животите на нашите внуци – додаде Такер.

„Поголемиот дел од светот добро го разбира ова“

-Поголемиот дел од светот добро го разбира ова. Тие можат да видат. Прашајте некој од Азија или Блискиот Исток како ќе изгледа иднината. Не ве охрабруваме да се согласувате со она што Путин би можел да го каже во ова интервју, но ве покануваме да го погледнете. Треба да знаете што е можно повеќе. И тогаш, како слободни граѓани, а не робови, донесете одлука – заклучил Карлсон.

Треба да знаете
Последни објави