Метео анализа на Славчо Поповски:
Длабок Џеновски циклон ќе ни го расипе времето од овој викенд (ќе донесе дожд, силен јужен ветер, Сахарска прашина и песок). Температурите и понатаму натпросечно високи, најава за снег нема!
Ветерот од јужен правец кој што ќе дува за време на викендот во Македонија локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час, а понекаде не се исклучува можноста и за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и исто така силен јужен ветер.
Поради ваквиот развој на времето, очекуваме многу неповолни Биометеоролошки услови, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.