Американскиот државен секретар Антони Блинкен во вторникот изјави дека САД го разгледуваат одговорот на Хамас на рамковниот договор за ослободување на заложниците како дел од продолжената пауза во борбите во Газа.
Блинкен на прес-конференција во Катар рече дека ќе разговара за одговорот на Хамас со израелските власти кога ќе ја посети земјата во среда. Тој одби да открие детали за одговорот на Хамас.
Државниот секретар истакна дека Вашингтон ќе ги искористи сите средства што му се на располагање за да постигне пауза во борбите што ќе се заснова на предвремено ослободување на повеќе од 100 заложници.
„Има уште многу работа што треба да се заврши, но сепак веруваме дека е можен договор и дека е навистина неопходен“, додаде тој.
Соединетите држави се решени да го искористат секое затишје во борбите за да изградат дипломатски пат кон „праведен и траен мир“ на Блискиот Исток, рече тој.
Претходно во вторникот, Хамас објави соопштение во кое се вели дека го доставил својот одговор до Египет и Катар во врска со предложениот рамковен договор за прекин на огнот за Појасот Газа.