Бројот на жртвите од шумскиот пожар во централниот дел на Чиле се зголеми на 131, соопштија денеска чилеанските власти.
Државниот истражител на платформата Х рече дека се идентификувани само 35 тела.
Малку порано беше објавено дека повеќе од 300 луѓе и денеска се водат како исчезнати.
Властите ја проценуваат штетата по пожарот во Валпараисо, за кој велат дека е најсмртоносната катастрофа што го погодила Чиле од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа најмалку 525 луѓе.
Локалните власти велат дека пожарите можеби биле подметнати.
Претседателот Габриел Бориќ, кој во вторникот го посети погодениот регион, рече дека најмалку 3.000 куќи се изгорени бидејќи пожарот брзо се шири поради силните ветрови.
Пожарот започна во петокот во планинскиот дел на Виња дел Мар, приморско одморалиште познато по својот фестивал на кој настапуваат најдобрите латиноамерикански музичари.
Во пожарот беа зафатени и другите два града, Килпе и Вила Алемана.
Форензичката служба на Чиле соопшти дека многу од телата извлечени од пожарот се во лоша состојба и тешко се идентификуваат, но додаде дека нивните работници може да земат генетски материјал од роднините кои пријавиле дека нивните роднини се исчезнати.