Дојава за бомба во Санрем: Итно евакуирани гостите на фестивалот

Во понеделникот вечерта, на 5 февруари, италијанската полиција евакуираше вила во која се организираше гала забава на која присуствуваа 30-тина гости пејачи на Санремо, најпознатиот музички фестивал во Италија, поради закана за бомба.

Имено, полицијата добила анонимно предупредување за бомба во вилата Нобел, поради што ја евакуирале зградата околу 23:00 часот, јавува државната телевизија РАИ.

Областа беше опколена додека гостите се враќаа во своите хотели во приморскиот град Санремо во Лигурија, но заканата за бомба се покажа како измама.

На 74-тото издание на Санремо, кое се одржува секоја година од 1951 година, 30 уметници ќе се борат во текот на пет вечери од 6 до 10 февруари.

Треба да знаете
Последни објави