Државната лотарија ја информира пошироката јавност и играчите на игрите на среќа дека НЕ Е ИЗВРШЕНА УПЛАТА во износ од 12 МИЛИОНИ ЕВРА за набавка на нови апарати за игри на среќа, како што тврдат од политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку нејзиниот портпарол Наум Стоилковски.
Државна Лотарија има РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ОВА НАМЕНА, но снабдувањето не е завршено, и истото би се реализирало согласно динамиката и потребите на пазарот, се вели во писмениот демант и додаваат:
Оваа манипулација со неточна информација на партијата ВМРО ДПМНЕ ја побиваме како невистинита и ја карактеризираме како дезинформација за јавноста и истата има цел да наштети на имиџот на Државна лотарија и управата на институцијата.
Државната лотарија – после серија напади докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила.
Државна лотарија ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони, а нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Северна Македонија.