Напади со нож во училишта во северна Италија: Вчера прободен наставник, денес момче

16-годишно момче денеска било избодено со нож од друг тинејџер во средно училиште во близина на Милано. Властите го испрашаа осомничениот напаѓач, 17-годишно момче, објави новинската агенција ЛаПрес. Мотивот за денешниот напад во средното стручно училиште јужно од Милано не е јасен. Повредениот е итно пренесен во болница на лекување поради убодна рана во бутот.

Инаку, сличен инцидент веќе се случи вчера, исто така во регионот на Ломбардија на северот на Италија. Полицијата вчера соопшти дека уапсила 17-годишен ученик во градот Варезе, северно од Милано, под сомнение за обид за убиство, откако нанел повеќе убодни рани со нож во грб на 57-годишна наставничка.

Треба да знаете
Последни објави